Агелер: Уставните измени да се донесат до крајот на годината
Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер потсети на ставот на сенаторот Крис Марфи, кој пред два дена од Скопје порача уставните измени да се усвојат, а во спротивно неизгласувањето би претставувало загрижувачки чекор во односите меѓу Македонија и САД. Агелер истакна дека не би ја коментирала изјавата на Марфи, но сепак додаде:
„Неговата поента беше многу важна – дека ако тешките одлуки кои ќе овозможат придвижување кон евроатлантската интеграција не бидат донесени до крајот на оваа година, тогаш сигурно ќе постојат лица во САД, во Белата куќа, но и нашите законодавци, кои ќе се прашуваат дали земјата има цврста заложба за евроатлантска интеграција“, рече Агелер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…