Маричиќ: Кога и да се стават уставните измени на маса првото гласање ќе биде успешно

t

Владата нема да биде одговорна ако не се изгласаат уставните амандмани, изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју во Топ Тема. Иако, помина една година од прифаќањето на француската рамка за почеток на преговорите и проширувањето на ЕУ, и дури сега се почнува дијалог за процес за кој знаат дека е потребна опозицијата, Маричиќ вели дека се знае кој е крив.

-Со мирна совест можеме да кажеме дека сме сториле се за Македонија да продолжи на патот кон европските интеграции и да го оствариме сонот за европска Македонија. Тие што ќе гласаат против и ќе решат да си наметнат вето, овојпта самите на себе, тие ќе треба да дадат одговор на граѓаните зошто треба да чекаме уште 10 години, а во меѓувреме, Албанија, Србија, Украина, Црна Гора и Молдавија да продолжат напред и да станат членки на ЕУ, вели Маричиќ.

Неговиот впечаток е кога и да се стават уставните измени на маса, првото гласање ќе биде успешно.

За Маричиќ не е важно кој е министер за што во овој момент, затоа што според него не смее да се пропушти оваа можност. Владата без ДУИ, како што се предлага, би имала агенда да ги спроведе уставните измени, да ги продолжи чекорите на успешно комплетирање на скринингот, и потоа да ги организира изборите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Кој гарантира дека…

Кој ни гарантира дека внесувањето на Бугарите…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…