110 години од почетокот на Тиквешкото востание: Стравотни колежи на српската војска, околу 1.000 луѓе биле убиени, над 2.700 затворени!

t

На денешен ден, 19 јуни, во 1913 година започнало Тиквешкото востание, прв вооружен и организиран масовен отпор против српската окупаторска власт во Македонија по повлекувањето на Османлиската Империја од Македонија.

Востанието траело седум дена, а е спонтано организирано од локалното население со помош на четите на војводите Петар Чаулев и Христо Чернопеев и останати дејци на ВМРО.

Востанието започнално како револт кон српските власти кои вршеле терор врз локалното население во Тиквеш, асимилација и посрбување на Македонците, а упатуваат и закани дека секој кој ќе се спротивстави на српската власт ќе биде убиен. Неколку настани дополнително го разгоруваат револтот на населението.

Имено, едно момче, по име Александар Видов, е убиено само поради тоа што изјавува дека не се чувствува како Србин. Една млада невеста од Ваташа, веднаш по нејзината свадба е силувана од страна на српскиот поручник Милан Крековиќ. Била убиена и цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца.

Со поддршка на ВМРО било свикано собрание со делегати од речиси сите места во Тиквешијата. На собранието едногласно било решено да се крене востание и е создаден востанички штаб, составен од видни војводи од тој крај коишто учествувале и во Илинденското востание, меѓу коишто биле: Дончо Лазаров, Михаил Шкартов, Коце Сеизов, Диме Пинџуров, Тодор Камчев и други. Бројот на востаниците изнесува околу 1.000, од коишто 200 луѓе се обични граѓани коишто земаат пушка в рака, а останатите се комити од четите на ВМОРО.

Востанието започнало на 19 јуни 1913 година, и покрај Неготино и Кавадарци, ослободени се и педесетина села во областа Тиквеш. Четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги напаѓаат и ги протеруваат српските војски од Неготино. Српските власти испраќаат свои чети од околните села кон Неготино, но сите тие се разбиени. Востаниците продолжуваат понатаму и успеваат да ги протераат српските чиновници и писари од општинската зграда во Кавадарци и симнувајќи го српското знаме, го поставуваат тиквешкото револуционерно знаме. На 20 јуни е одржано и свечено собрание на коешто е избрана и градска управа составена од 12 видни кавадарчани, а слободата траела само 7 дена.

После седум дена Србите испраќаат голема војска предводена од Василие Трбиќ, како и од Јован Бабунски и Јован Долгач. На помош на српската војска иде и башибозук на Јаја Ага со 250 вооружени души. Тиквешките востаници, заедно со четите на војводите Христо Чернопеев и на Петар Чаулев се оставени сами да се соочат со српската војска, но не успеваат во своите напори. Во востанието загинале околу 1.000 тиквешани од коишто на 500-тина имињата со сигурност им се знаат меѓу кои голем број мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени.

150 кавадарчани се врзани на колје во центарот на градот и се оставени да висат 30 часа под пеколното сонце, а после тоа заедно со уште 50 други кавадарчани се одведени во месноста Полјаната и стрелани. Запалени биле над илјада куќи, а околу 2.700 луѓе биле затворени. Војската вршела страшен терор и во реонот околу Криволак – колеле луѓе, а во фурни ги гореле децата.

Вечна им слава на сите загинати, да не се заборави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…

Не постои запис кој ќе потврди како…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…