Објавено на:

Полските власти будно ја следат ситуацијата во Русија: Итни состаноци на државниот врв

t

Полскиот претседател Анджеј Дуда на Твитер објави дека свикал состанок за настаните во Русија.


„Во врска со ситуацијата во Русија, утрово одржавме консултации со премиерот и Министерството за национална одбрана, како и со сојузниците. Постојано го следиме текот на настаните, нашата источна граница постојано се следи“, напиша Дуда.


Портпаролот на полската влада, Пјотр Мулер, рече дека сите полски специјални служби исто така следат што се случува во Русија.

„Полските разузнавачки служби, заедно со сојузниците, постојано ја следат ситуацијата во Русија. За ова прашање, премиерот Матеуш Моравјецки денеска разговараше со претседателот Анджеј Дуда. Беа одржани и владини консултации со учество на вицепремиерот Јарослав Качински и министрите за националната одбрана и внатрешните работи“, напиша Мулер на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Полска покажува подготвеност за конфронтација

Москва ја гледа јасната подготвеност на Полска…

Новоизбраниот полски претседател: Русија е посткомунистичка држава…

Новоизбраниот претседател на Полска, Карол Навроцки, изјави…

Мицкоски: Се рангираме во петте најбрзо растечки…

Во првиот квартал на 2025 година, реалниот…

Полскиот премиер одби техничка влада – ќе…

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека…

Полска му забрани на Додик влез во…

Владата на Полска му забрани на претседателот…