Семејството на починатиот Кико донираше средства за набавка на респиратор за малиот Стефан

t

Семејството на Кико, кој неодамна почина а за кој беа собрани донации и се одржа хуманитарен концерт, донираа парични средства за лекување на малиот Стефан, во висина од половина милион денари, објави јутјуберот, Стефан Лазаров.

„Како што најавив пред 2 дена, ова утро од семејство Коцеви е извршена донација во вредност од 500,000 денари.

Ова е од Кико за Стефан.

Голем респект од мене за Горан, Катерина и Никица, семејство со вистински вредности, чесно и хумано. Заслужувате многу… а на малиот Стефан му посакувам брзо да се опорави.“ напиша на Фејсбук тој.

Кико, кој за жал не го дочека лекувањето во Турција, имаше ретка и тешка болест Атаксија-телеангиектазија, која брзо прогресира и за кратко време доведува до сериозна состојба.

Момчето требаше итно да замине на третман во Турција, но поради влошување на неговата здравствена состојба тоа не се случи, а тој последно се лекуваше во приватна болница во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…

Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…

Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…

На четирите малолетнички против кои се водеше…

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…

Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…