Наке Георгиев и Антоанета Димовска се официјално кандидати за членови на Судскиот совет од редот на судиите

t

Судијата Наке Георгиев од Врховниот суд на Република Македонија и судијката Антоанета Димовска од Основен граѓански суд Скопје, ќе се најдат на кандидатските листи за избор на членови на Судскиот совет од редот на судиите.

Судскиот совет објави дека Комисијата за подготовка на кандидатски листи по огласот за избор на членови на Советот објавен во “Службен весник на РМ“ бр.120/23 изготвил две општи листи и тоа:

I. ОПШТА ЛИСТА за кандидат од Врховниот суд на Република Македонија

Наке Георгиев, судија на Врховниот суд на Република Македонија

II. ОПШТА ЛИСТА за кандидат од апелационо подрачје Скопје и од управните судови

Антоанета Димовска, судија на Основен граѓански суд Скопје

– Кандидатите кои не се евидентирани на кандидатските листи имаат право на приговор до Советот во рок од 48 часа од објавување на кандидатски листи согласно член 13 став 4 од Законот за Судскиот совет на Република Македонија (“Службен весник на РМ“ бр.102/19), се вели во соопштението од Судски совет.

Утврдувањето на кандидатските листи за избор на членови на Судскиот совет на РМ и тоа за еден член од редот на судиите од апелационо подрачје Скопје и еден член од редот на судиите од Врховниот суд на РМ, ќе се најдат на дневен ред на 448-та седница на Судскиот совет, која е закажана за утре.

Судскиот совет, утре на седница ќе треба да одлучува и за формирање на Комисија за спроведување на избор за членови на Судскиот совет од редот на судиите, како и за донесување на решение за спроведување на избор на членови на Судскиот совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…