Објавено на:

Хорор во Белград: Куче му распори стомак на четиригодишно дете

t

Четиригодишно дете во Белград е брутално нападнато од куче кое му го распорило стомачниот ѕид. Нападот се случил во белградската населба Сремчица. Родителите го однеле детето во детската клиника во Тиршова каде било оперирано.

– Имаше многу брутален напад над четиригодишно дете, кучето со забите му го откорна абдоминалниот ѕид и од телото му беше извлечен дел од 12-палечното црево, изјави д-р Александар Стијачиќ од Итната помош.

Таткото веднаш го ставил детето во автомобил со мајката, повикале Итна помош и педијатарот детално и објаснувал на мајката што да прави – да извади се што има на себе, да го втурне во раната, за да го спречи крварењето.

– Детската клиника во Тиршова беше алармирана да подготви хируршка сала. Немаше причина санитетот да ги пресретне, тоа ќе беше губење на време, детето веднаш влезе во процедура за операциона сала и по повечасовна операција се наоѓа во стабилна состојба и не е животно загрозено, изјави Стијачиќ.

Д-р Стијачиќ апелираше да се биде внимателен, бидејќи напади се случуваат, но ретко толку брутални како овој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Година и пол…

Јасин Мустафа, дете од година и пол,…

Уапсен Турчинот осомничен дека ја убил и…

Турски државјанин на возраст од 25 години…

Приведен 72-годишник: Со пушка убил куче среде…

На 03.07.2026 во 10:30 часот во Радовиш,…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Крвав инцидент во центарот на Белград: 26-годишник…

Утрово во центарот на Белград е убиен…