Добро утро со Инфомакс: Господ гледа и македонската вистина ќе надвладее над сè
Дуко Тасев е македонски револуционер и војвода во ВМРО.
Дуко Тасев е мошне интересна фигура во национално-ослободителната и револуционерната борба на македонскиот народ во пред Илинденскиот перид во Кичевско. Неговите јуначки дела останале до ден денес да се прераскажуваат, величат, паметат. За нив народот испеал повеќе песни. Тој го славел и го издигнал на пиедесталот на најголемите јунаци, заштитници на обичните луѓе по селата. Убиството на највлијателниот и најбогатиот Турчин во целиот Битолски вилает, Адреман-бег, како и на прочуениот спаијата Ремко од селото С’лп, биле само дел од јуначките потфати од богатата револуционерна дејност на војводата Тасев.

Бил долгогодишен соработник и другар на Питу Гули, со кој заедно биле на заточеништво во Дијарбекир, Мала Азија. Починал во Софија, во 1943 година, на 85 годишна возраст.
Добро утро Македонци, во негова чест денес ви пренесуваме една негова мисла:
„Стар сум, веќе, на осумдесет години и по малку слеп. Жалам за мојата бујна младост и ми е тешко што после толку маки, жртви и страдања, нашата убава мајка Македонија, сè уште е под туѓа власт. Но, Господ гледа и македонската вистина ќе надвладее над сè.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…