Добро утро со Инфомакс: „Македонскиот народ денес е расцепкан од “миротворците” на Балканот – Грција, Србија и Бугарија”
Божин Димитров Проданов е познат македонски патриот и активист на македонската емиграција во Бугарија.
Бил учител по професија и активен член на Македонската Револуционерна Организација во Егејскиот дел на Македонија. Во 1907 станал член на Околискиот комитет во Солун. По емигрирањето во Бугарија, во периодот меѓу двете светски војни, Проданов е активен меѓу македонската емиграција. Пишува статии за македонската револуционерна борба и се обраќа до бугарската и меѓинародната јавност за решавање на македонското прашање. Во јули 1945 година бил избран како советник во раководството на Илинденската организација во Софија и во тој период бил еден од најголемите поддржувачи на НР Македонија во рамките на ФНРЈ. Организацијата го исполнила ветувањето и посмртните останки на Гоце Делчев биле пренесени во Македонија.
Добро утро Македонци, ова утро издвојуваме еден цитат од Проданов:
„Македонскиот народ денес е расцепкан од “миротворците” на Балканот – Грција, Србија и Бугарија… Новите владетели на Македонија ги гонат носителите на македонската национална мисла, и со тоа ја уништожуваат полувековната националноослободителна борба на Македонците.”
„Македонското прашање произлезе од борбата на македонскиот народ за слобода и независност!”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…
Не постои запис кој ќе потврди како…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Каде сте „патриотчиња“ –…
Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, ексминистерката…