Пендаровски: Очекувам уставните измени да се случат до крајот на септември!

t

Претседателот на државата Стево Пендаровски престојува во еднодневна работна посета на Албанија, во општините Пустец и Поградец, каде истакна дека очекува уставните измени да се случат до крајот на месец септември.

„Ставовите на двете групации во парламентот во однос на уставните промени е јасен. До сега не е променет. Од вторник натаму почнува процедурата во Парламентот. Јас очекувам во наредните неколку месеци, намерно потенцирам неколку месеци, да престојат интензивни разговори меѓу овие два блока, власт и опозиција.

Странски дипломати се посебен сегмент се разбира, во кои конечно ќе можеме да се убедиме дека ова е стратешки момент кој не смееме да го пропуштиме за иднината на државата, небитно е кој ќе биде на власт утре или задутре. Да се вратам на терминологијата која што ја кажувам во временските рамки“, вели Пендаровски.

Тој додава дека не очекува првата фаза, гласање на евентуално отварање на уставните промени да се случи во август како што имаше неколку најави.

„Моето очекување е дека тоа ќе биде најверојатно после годишните одмори некаде септември, крајот на септември. Инаку целата временска рамка која што се очекува да се промени уставот, кога треба формално да заврши тоа, е 30ти ноември додека трае скринингот“, посочи Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…