Левица бара да се прекинат преговорите со Бугарија

t

Синоќешниот неуспешен обид за бугаризација на Уставот потврди дека македонскиот народ е непосредно присутен во Собранието преку пратениците на Левица – присуство кое го смени текот на историјата и за прв пат успешно се спречи обидот за ново национално предавство преку менување на Уставот, порачуваат од Левица.

„Низ целиот процес, во изминатите година дена, Левица го одржа народниот ГНЕВ, преку пораките кои беа испратени на минатогодишните протести против т.н. Француски предлог и успеа да го наметне притисокот врз опозицијата, која во неколку наврати ретерираше од своите позиции. И на денешната (синоќешната, заб. на авт.) собраниска седница, не изостанаа скандалозните повици на ИСТРОШЕНИ политичари од албанскиот политички блок, кои отворено се заканија дека доколку не поминат уставните измени – т.н. албански општини сами ќе продолжат на патот кон ЕУ?! Овие празни закани на ретроградни партии кои немаат што да понудат, освен етношовинистички изблици, веќе не поминуваат кај македонскиот народ – кој покажа дека идеалите на АСНОМ за македонската државотворност сѐ уште живеат во духот на Македонецот“.

„Левица упатува порака до овие политички субјекти дека соживотот единствено може да се гради преку заедничката АНТИФАШИСТИЧКА историја на македонскиот народ со останатите етникуми, а не преку необалистички повици и празни уцени и закани. Левица останува единствена парламентарна партија која повикува на целосен ПРЕКИН на преговорите со Бугарија, затоа што патот кон ЕУ единствено може да води преку Копенхашките критериуми – а не преку врховистичките апетити на Софија!

Борбата продолжува!
Смрт на фашизмот и врховизмот – Слобода на народот!“, стои во објавата на Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…

Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…

Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…

На четирите малолетнички против кои се водеше…

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…

Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…