Петровска во работна посета на Пентагон и Стејт Департментот

t

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, каде ќе се сретне со високи официјални претставници на Пентагон и на Стејт Департментот, соопшти Министерството за одбрана. 

-За време на посетата, министерката ќе ја реафирмира одличната одбранбена соработка помеѓу двете земји, која се одвива преку континуираните програми за поддршка на одбранбените реформи, процесот на модернизација и опремување кој е поддржан и од американска страна, соопшти Министерството за одбрана. 

Од Министерството потсетуваат дека Петровска и секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин во јуни годинава во Вашингтон го потпишаа Патоказот за соработка за периодот 2023 – 2033 година кој дава насоки во кои рамки ќе се развива веќе етаблираната и исклучително важна македонско-американска соработка.

-Во досегашната соработка, од 1996 година САД ја поддржаа македонската одбрана со над 330 милиони долари, од кои над 135 милиони само во последната година, што ја покажува посветеноста на нашиот стратешки партнер во развојот на капацитетите на Армијата на Република Македонија, соопшти Министерството за одбрана. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Пентагон формира команда за развој на автономни…

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет најави…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…