Груевски: Не верувам дека некој му направил на Мицкоски поголемо добро од мене, освен можеби родителите

t

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во објава на Фејсбук денеска упати апел до пратениците на опозициската партија да не ги поддржат уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот на РМ.

Дополнително, Груевски вели дека не очекувал напад од Мицкоски бидејќи никој, освен неговите родители, не му направил поголемо добро од него.

– Разбрав дека “крунскиот доказ” на Мицкоски против мене бил некој наводен стенограм од средба на власта кај Пендаровски, каде си правеле “крчма без крчмар”. Не знам дали копијата од тој документ е реална, односно дека не е фалсификувана и подметната, но дури и да не е, некој треба да му каже на Мицкоски дека ако јас сакав да се пазарам, имав неколку прилики уште додека бев во Скопје, но ги одбив.

Таа дискусија можно е да е мотивирана од фактот што раководството на ВМРО-ДПМНЕ, а пред се Мицкоски во многу наврати јавно говори дека ако станел премиер ќе ме апсел, а дека тоа навистина го посакува е фактот не само што нема никаков контакт со мене веќе пет години, туку се најлошо говори на сите за мене, лаже, подметнува, раскажува невистини со голема омрза кон мене, им зборува на луѓе дека тој ќе ме донел во Идризово, изразува нетрпение и видлива фрустрација што воопшто постојам и што сум жив. Очигледно тој би бил најсреќен да ме удри некој трамвај во Будимпешта. Не се јавував јас вчера и денес кај угледни партиски луѓе туку тој со ултиматумот: или ќе ме по држиш, или си со Груевски.

И на сето тоа молчам со години. А на тој човек не верувам дека некој поголеми добрини во животот му направил, освен родителите. Барем така ми велеше додека бев таму на неговата позиција, и кога му соопштив дека ќе давам оставка во партијата а тој ми одглуми некакво бришење солзи со очилата во едната рака.

Нормално во една таква ситуација, на прикажување на таква одвратност и негативност кон мене, секој паметен политичар од другата страна да размислува да ги искористи комплексите, нечовечноста и егото на актуелниот лидер и да си прави своја крчма, без крчмар, вели Груевски.

Целата објава може да ја прочитате на линкот во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…