Пендаровски ги смирува потресените: Груевски нема да се врати во Македонија

t

Со последните измени на Кривичниот законик, Никола Груевски, нема да се врати во Македонија, тврди претседателот на државата, Стево Пендаровски во интервју за Гласот на Америка на македонски, прашан за измените на Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за делото злупотреба на функиција.

„Тврдам, досега не се вратил, заради овие измени нема ни да се врати, тоа е сигурно“, рече Пендаровски.

Сепак, Пендаровски не може да гарантира сценарио дека Груевски би бил испорачан пред правдата во случај да се врати во државата.

Запрашан каква порака очекува од американска страна по ставот на Стејт департментот за измените во Кривичниот законик дека корупцијата може да ги поткопа аспирациите на Македонија, Пендаровски вели дека ваквиот став на американската влада не доаѓа директно по измените на Кривичниот законик, туку тоа биле веќе познати ставови и од европски претставници. Тој се согласува дека државата нема доволно напори за намалување на корупцијата.

Текстот на законот вели минимално се намалуваат казните за лежење затвор – значи не се укинуваат и нема амнестија – и второ се прошируваат основите и се олеснува процедурата за конфискација на имот, вели Пендаровски во интервјуто.

Тој смета дека главниот проблем е во неспроведување на законите, нивната селективна примена или „обидите да се најдат ‘дупки’ во законите“.

Затоа што самата содржина на измените не ја провоцира корупцијата. Наспроти тоа, што некој вели, тоа може да придонесе – не може да придонесе. Текстот на законот вели минимално се намалуваат казните за лежење затвор – значи не се укинуваат и нема амнестија – и второ се прошируваат основите и се олеснува процедурата за конфискација на имот. И тоа е на линија на тоа што го имаат неколку европски законодавства, на пример Германија. Тоа е првиот дел, а тоа дали некој понатаму може да прави селективна примена на законот, погрешна примена на законот или воопшто да не го применува, тоа е веќе проблем на имплементацијата на законите какви што ги имаме во Македонија, појаснува шефот на државата.

Корупцијата која е на недозволено ниво, според него не е само заради содржината на законите, туку дека главниот проблем е неспроведувањето на законите или селективната примена на законите или обидите да се најдат „дупки“ во законите, преку кои треба да се санкционираат случаите, особено на таканаречена висока корупција – на функционери.

32 години во Македонија ние немаме успешно завршена една процедура, барем во еден разумен период за висок функционер, а имаме толку сознанија во медиумите дека јавните ресурси се практично со години наназад се крадат и за тоа никој не сноси одговорност или сносат одговорност „ситните риби“ кои најдолу на тој ланец на корупцијата – додава Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…