Кепеска: Македонскиот јазик три века бил општ јазик за сите Словени!
Македонскиот јазик три века бил општ јазик за сите Словени, вели во емисијата “За македонските работи” на ТВ Вистел, професорката Јованка Кепеска.
– Јас ќе го цитирам Региналд де Бреј, англиски славист, се школувал кај Белиќ и во времето на мојот татко Круме Кепески, во триесетите години се сретнал со него во Охрид, тој ја почнува рецензијата (на Граматиката на македонскиот јазик од Круме Кепески, н.з.) со познатите зборови кои што станаа претпоставка за анализа на македонскиот јазик, дека судбината на македонскиот јазик, кој три век бил општ јазик на сите Словени, е да биде последен признат од сите словенски јазици,
Да го спомнам и Андре Вајан е јужнословенски славист, академик во Франција, кој потврдува дека македонскиот јазик е оформен пред сите други балкански јазици во 19 век. Тоа е голема потврда за самобитноста на македонскиот јазик, вели проф. д-р Јованка Кепеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…