(Во живо) Груевски ги закопа сите тези на Мицкоски и раководството за Кривичниот законик
Ексклузивен гостин во денешната епизода на “Тешки муабети” е поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој истакна дека нема никаква врска со измените на Кривичниот законик и дека таканаречените докази за наводна поврзаност на Груевски со СДСМ се измислица.
– Слушнав за тоа УСБ, тоа е како бел лист хартија на кое е нешто искуцано, секој може да направи УСБ за 15 минути и може да каже дека е од мене. Овие луѓе треба да се фокусираат на рушење на власта, власта досега требаше да падне многупати. Секој може УСБ-то на компјутер да си го крсти Никола Груевски и да рече дека содржината е од мене, вели поранешниот премиер.
Груевски демантира дека измените на Кривичниот законик се за неговите случаи и истакна дека доколку тој ги нарачувал измените, ќе нарачал измени за сите негови случаи, не само за еден случај.
– Ако јас сум го нарачувал, ќе сум го нарачал за сите мои предмети, не за еден, како што е во случајот. Не можам да разберам зошто тргнаа во ваква операција на бртутален напад против мене, имам претпоставки, не исклучувам дека некој нешто да им подметнува, да ги лаже, варијанта е дека можеби се принудени, уценети, ама ова е прилично евтина приказна, со ваков-таков доказ, а нема ништо во тоа.
Јас можам да напишам дека Александар Николоски му дал предлог на Ахмети дека му нуди избори, па коалиција, ама што од тоа? Тие треба да се фокусирани на рушење на СДСМ, тие се толку слаби, владата е на стаклени нозе, а опозицијата е пасивна, вели Груевски.
– Мицкоски го дал интервјуто за германски ФАЦ на 5 септември, две недели потоа наративот на ВМРО-ДПМНЕ е дека тоа е нешто што го направила власта за во иднина да бидат амнестирани ако се почне политички прогон против нив. Интервјуто излезе на 19 април, и во една секунда се смени наративот на ВМРО-ДПМНЕ, одеднаш испадна дека тоа било направено за Никола Груевски.
Тој хајката ја започнал на 5 септември, а две недели зборуваа дека законот си го направила власта за нив, што мислам дека е така, не може да биде за мене, јас ако го правев ќе го направев за сите предмети, не за еден. Многу е чудно што кога решиле да одат во некаква офанива против мене без потреба, барем да смислеле нешто попаметно, порано поинтелигентно се делуваше, сега кога ги слушам се смеам.
На прашањето зошто пратеници на ВМРО-ДПМНЕ направија кворум за измена на Кривичниот законик, Груевски повторно бара добра намера кај пратениците.
– Претпоставувам дека тоа го направиле затоа што тој закон помага и на други од ВМРО-ДПМНЕ, според мене тој закон е за власта да си олесни од некакви евентуални прогони во иднина, а колатерална корист се тие од ВМРО-ДПМНЕ. Кај мене ситуацијата е друга, трупаа колку што можат да трупаат, измислуваа колку што можат да измислуваат и не знам зошто би правел јас сега уесбиња, вели Груевски.
Целата емисија следете ја во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…