(Видео) Митовски: Да не беа политичарите корумпирани, немаше да се смени името!

t

Двете најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се едно исто, во Македонија речиси и да нема искрени политичари, вели во денешната епизода на Тешки муабети уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

– Во Македонија во моментов не постои искрен политичар и политичка гарнитура. Некој кој би ја решил корупцијата како најголем проблем. Ние немаше да имаме потреба да го менуваме името да немаше корумпирани политичари.

Јас не верувам дека моментално има искрени политичари, освен можеби Левица или Стевче. И според последното што го кажа овде Крмов не верувам дека тие ќе прифатат коалиција и ќе функционираат опозициски. Тоа за мене е искрен пристап.

Двете политички партии (ДПМНЕ и СДСМ) за мене се исто. Ние тоа го проектираме во тектови и емисии, луѓето гледаат и читаат и имаат право да проценат дали ние сме во право, или некои други кои пласираат исти наративи нарачани од некаде. Ама ние не убедуваме, објаснува Митовски.

Филип Петровски додаде дека политичките партии имаат застарен начин на комуникација со медиуми и дека луѓето веќе сами наоѓаат информации и не може “да им се пере мозок” преку телевизија.

– Ако ги гледаме бројките од вчерашното интервју кое беше земјотрес, 16.000 во живо, преку 200.000 само на Фејсбук, значи целата политичка, а и аполотична јавност вчера гледаше Тешки муабети, вели Петровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…