Ковачевски: Македонија е лидер во енергетската транзиција
Македонија е лидер во енергетската транзиција, истакна денеска од собраниската говорница премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратенички прашања.
– Преку инвестиции во нови енергетски инфраструктурни проекти, базирани на обновливи извори на енергија, ја исполнуваме нашата цел – енергетска независност на Македонија.
Од почетокот на минатата година, досега, со издадени 600 лиценци за централи за обновливи извори на енергија, денес имаме на мрежа 420 мегавати на централи коишто доминантно работат за производство на електрична енергија од сонцето.
Паралелно со најголемиот пакет на антикризни мерки во регионот во износ од 760 милиони евра за справување со економската и енергетската криза, успеавме да го имплементираме и зелениот договор за инсталирање на сѐ поголем број на централи за обновливи извори на енергија.
Стануваме зелен енергетски хаб во регионот и го зголемуваме домашното производство на електрична енергија. – рече Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…