Спасовски: Мицкоски не знае како е да се има став
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва заедно со потесното раководство на МВР, во скопската општина Аеродром ги посети полициските службеници кои спроведуваат засилени активности во функција на поголема безбедност за граѓаните од оваа општина.
Тој притоа накусо ги прокоментира барањата на Христијан Мицкоски да се повлече од министерската функција.
„Многупати сакав да чујам ставови од Мицкоски како лидер на опозиција за многу прашања, но ставови негови не може да чуеме и воопшто не ми е чудно кога тој не може да разбере како некој политичар има став“ – истакна Спасовски.
Минатиот викенд Спасовски кажа и дека покрај тоа што смета оти моментот на носењето на законот е несоодветен, првиот човек на МВР вели дека наместо амнестија државата треба да размислува за зголемување на капацитетите на затворите.
Мицкоски, пак, денеска рече „министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски или нека молчи или нека поднесе оставка и нека ја напушти Владата веднаш ако не се согласува со предложениот закон за амнестија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…