Италијански весник: И на Балканот и во Македонија има џихадисти!

t

Италијанските тајни служби откриваат што се тоа „Балкански лавови“. 

На Балканот сега дејствуваат 20 џихадистички ќелии, а целта им се терористички напади низ Европа, предупредуваат италијанските разузнавачки служби, а пренесува весникот „Ил Темпо“. Тие претставуваат, како што се наведува, „инкубатор на безбедносни закани“ за цела Европа.

Повеќето од овие групи се на територијата на Косово, Албанија и Босна и Херцеговина, но ги има и во Црна Гора, Србија и Македонија. 

Италијанскиот весник „Ил Темпо“ пишува дека овие ќелии постојат околу две години, но во последно време, особено од почетокот на војната во Израел, се забележува нивна нешто поголема активност.Тие се повратници од Сирија и Ирак, но постојано регрутираат нови лица, како и мигранти кои минуваат по оваа балканска рута. 

Инаку, ИСИС и Ал Каеда повикаа на напади против израелски и американски цели. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…