Петровска: Нема опасност од прелевање на вооружен конфликт во Македонија
Што се однесува до забелешките на кој степен да се подигне подготвеноста во поглед на справувањето со различните облици и потенцијални закани, мислам дека е соодветно со оглед на случувањата можеби малку подалеку од нас, меѓутоа сепак е релевантно. Тоа не значи дека се зголемува ризикот, меѓутоа на нституциите им се посочува дека треба на определени сегменти да обрнат малку повеќе внимание, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на Сител.
Петровска ја посочи важноста од тоа да безбедносните и разузнавачки служби имаат точни информации кога во регионот и пошироко има неколку жаришта и воени дејствија.
-Сите аспекти на безбедноста се земени во предвид. Нациналниот комитет за спречување на тероризам има свој аспект на работа и со повратниците од воените дејствија и се додека постои одлична координација помеѓу институциите, спроведување на активностите кои се планирани, мислам дека можеме да имаме позитивни извештаи во однос на безбедноста на нашата држава – рече Петровска.
Таа истакна дека од особено значење во ваква ситуација е превенирањето, набљудувањето и навремената реакција.
-Во Република Македонија нема опасност од прелевање од некаков вооружен конфликт, Македонија е земја членка на Алијансата, и навостина се посветува внимание на гарантирање на безбедноста на нашата држава – порача Петровска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…