Албанија ќе амнестира околу 570 осуденици
Албанската влада го донесе Предлог- законот за амнестија, со кој придобивка ќе имаат 570 осуденици.
Исто така, согласно Предлог-законот, престанува кривичното гонење за најголем дел од кривичните прекршоци за кои е предвидена казна затвор до две години.
Според предлог-законот, затворските ќелии ќе ги напуштат мажите кои се осудени на казна затвор до три години и жените кои се осудени на затвор до четири години, за казни кои биле изречени пред 30 јуни годинава.
– Слободата си ја враќаат и мажите, на кои од денот на стапување во сила на законот им остануваат три години затвор, како и жените, на кои им остануваат четири години затвор. Амнестијата ќе биде за жени над 50 години, мажи над 65 години и малолетници, наведуваат албанските медиуми.
Дополнително се предлага мажите да имаат една година намалена казна и една и пол година за жените и малолетниците, кои немаат корист од амнестија како другите.
– Од амнестијата строго се исклучени лицата кои издржуваат казна за семејно насилство, организиран криминал, трговија со голема количина дрога или злоупотреба на службената положба и корупција, односно се предмет на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, рече министерот за правда, Улси Мања.
Предлог-законот го подготвила работна група предводена од Мања, по тримесечни консултации со домашни и експерти од ЕУ и со генералната управа на затворите.
Тој треба да биде изгласан во Парламентот овој месец.
Во Албанија последната амнестија беше во 2020 година, кога беа опфатени 170 затвореници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…
Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…
Рама најави построги казни за протестите во…
Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…
Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…