Ајде реприза: Грција ќе стави вето на почетокот на преговорите со Албанија?!

t

Грција ќе стави вето за почетокот на преговорите со Албанија, објави весникот „Катимерини“.

На декемврискиот Самит на ЕУ Грција нема да дозволи отварање на првите поглавја со Албанија. Весникот пишува дека планот бил покрај Албанија и Македонија да ги почне преговорите но сега и двете земји ќе имаат вето од Грција и од Бугарија.

Причината за вето е поради кршење на правата на затворениот градоначалник на Хеимара, Фреди Белерис на кого Грција смета дека му се загрозени човековите права.

Албанските власти го уапсија Фреди Белерис, градоначалник на албанскиот град Химара кој е етнички Грк. Како резултат на влошувањето на односите меѓу двете земји, Грција одбила да даде согласност за отворање на првата транша средства кои Албанија ги очекува по почнување на преговорите.

Албанија се надева дека до крајот на годинава ќе може да ги почне преговорите со ЕУ, независно од тоа дали Македонија во меѓувреме ќе успее да ги надмине бугарските пречки за истиот чекор.

Албанија и Македонија се сметаат како дел од група во ЕУ интеграциите, и се очекуваше дека вето за Македонија ќе значи вето и за Албанија. Поради новиот интерес од страна на ЕУ за проширување, со давањето на кандидатски статус на Украина и Молдавија, Албанија се понадева дека ќе ги почне преговорите, но можно е Грција да и застане на патот.

Градоначалникот Беларис е обвинет за корупција, а во меѓувреме албанските власти не му дозволуваат да ја преземе функцијата на која што беше избран. Химара е мнозински грчки град на југот на Албанија, и Грција има силен интерес во тамошните настани.

Грчкиот весник Катимерини, кој извести за овој потег на Грција, го најавува блокирањето на финансиските средства на Албанија како „прва грчка блокада“ на Албанија во ЕУ. Весникот најавува дека се можни и натамошни чекори, кои ќе зависат од однесувањето на Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама за неинтонирањето на албанската химна во…

По реакцијата на Министерството за Европа и…

Како грчките земјоделци молзеле средствата од Европа…

Неодамнешните скандали со земјоделските производи ја натераа…

„Амнести интернешнел“ ја повика Италија да го…

Италија треба да го прекине договорот со…

Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…

Македонците по потекло од  селото Ербеле, областа…

Се подготвува ли „црна листа“ на гости…

Додека туристите со години ги оценуваат хотелите,…