Бидете спокојни: Нема опасност по безбедноста на Македонија

t

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска изјави дека Македонија не стравува од какви било вооружени инциденти на нејзина територија, но дека сме загрижени за секој обид за дестабилизација. Ова таа го порача на прес-конференција на 20. јубилеен министерски состанок во Скопје на кој учествуваат министри за одбрана и високи претставници на земјите членки и земјите набљудувачи на САД, Јадранската повелба.

Според Петровска, нема опасност за Македонија и нарушување на нејзината безбедност и стабилност, но останува повикот до сите релеватни фактори активно да учествуваат во политичките дијалози за да придонесат кон безбедност во регионот.

Фокусот на состанокот беа случувањата во Косово и во регионот, но и влијанието на руските дезинформации. Петровска нагласи дека земјата сака да учествува во процеси кои ќе доведат до помирување и до просперитетна иднина.

Помошник секретарката за одбрана на САД, Селест Валандер вели дека се посветени на обидите да придонесат за стабилноста на Западен Балкан и на европската и светската безбедност.

„САД ги поддржуваат аспирациите за членство во ЕУ – напредокот во европската интеграција ќе обезбеди основа за силна безбедност во Западна Европа“, порача таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…