„Камник“ и „Тиквеш“ помеѓу наградените за најдобри вина на саемот „Винска визија“ на Отворен Балкан во Белград

t

 Српската премиерка Ана Брнабиќ на третиот ден од Вториот саем „Винска визија на Отворен Балкан“ вечерва ги додели трофејните награди за најдобри вина на саемот, меѓу кои се и наградите за македонските винарии „Камник“ и „Тиквеш“, јави дописникот на МИА од Белград.

Меѓу наградените во повеќе категории, а по одлука на меѓународно стручно жири кое оценуваше над 800 примероци вина, во категоријата национален трофеј на Отворен Балкан, за најдобро вино од Северна Македонија беше прогласено виното „каберне совињон 2022“ од винаријата „Шато Камник“.

Во категоријата за најдобро вино од автохтона сорта како најдобро беше прогласено виното „жилавка бела вода 2022“ од винаријата „Тиквеш“.

– Ова е втор пат да ја споделуваме визијата за Отворен Балкан, а ако е вистина дека има вистина во виното, ова е показател дека можеме да ја споделиме истата визија и да се движиме во иднината, рече Брнабиќ на доделувањето на наградите и се заблагадари на целиот тим што работеше на организацијата, како и на гостите од Албанија, Северна Македонија и на сите винарии.

Саемот „Винска визија“ на Отворен Балкан што се одржува под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, собра околу 600 изложувачи од 24 земји од светот. Половина од изложувачите беа од земјите на Отворен Балкан, од кои 260 од Србија, 74 од Северна Македонија и 21 од Албанија.

Саемот го отворија српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, премиерот Димитар Ковачевски, а премиерот на Албанија, Еди Рама се обрати преку видео врска.

Саемот за вино важи за четврти по големина во Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шапиќ: Нови 700 автобуси и 125 трамваи…

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, денеска изјави…

Белград добива нов студентски град!

Секретаријатот за урбанистичко планирање во Белград објави…

(Видео) Мистериозна појава е снимена синоќа на…

Мистериозна појава е снимена синоќа на небото…

Кинескиот претседател од Белград: Кина ќе работи…

Претседателот на Народна Република Кина, Си Џингпинг,…

Џипинг денеска во Белград – ќе го…

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска доаѓа во…