Министрите Меџити и Тренчевска го посетија Алек, првото бебе родено во 2024 година
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска утрово ја посетија Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, каде синоќа после полноќ, во 00:00 часот се роди првото бебе во 2024 година. Станува збор за здраво машко дете, тешко 3760 грама и долго 52 сантиметри. Ова е прво дете во семејството Стефковски.

„Ја користам оваа прилика на граѓаните да им ја честитам Новата година и да им посакам пред сѐ добро здравје и успеси. Ние како Министерство продолжуваме во новата година да спроведуваме политики и мерки за заштита на здравјето на мајките и новороденчињата, како и на сите други пациенти”, изјави министерот Меџити при посетата.
Меџити му посака здравје, среќа и безгрижно детство на новороденото бебе, а на родителите им ги честиташе новогодишните празници.

Министерката за труд и социјална политика Тренчевска информираше дека традиционално секоја година со министерот за здравство се во посета на јавно-здравствената установа кадешто се родило првото бебе.
„Оваа година е Универзитетската клиника за гинекологија и акушество, точно на полноќ се роди првото машко бебе Алек и им честитам воедно на родителите, на мајката и таткото Стефковски. Нека им е живо и здраво, да има среќно детство, секако да бидат и тие среќни родители, тоа им е прва рожба во фамилијата”, рече Тренчевска.

Директорката на ГАК д-р Викторија Јовановска потенцираше дека годината почна убаво со три родени бебиња во првите 15 минути веднаш по новата година.
„Годината почна убаво, со родени три бебиња во првите 15 минути веднаш после Новата година, што би требало да биде добар знак дека годината ќе ни биде многу подобра од претходната и се надеваме дека ќе имаме повеќе здрави и доносени бебиња и повеќе среќни родители”, изјави Јовановска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…