Агелер: Најважно за граѓаните е добро да се едуцираат за претстојните избори
Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер денеска изјави дека таа нема конкретни сознанија за евентуално руско влијание во претстојниот изборен процес, иако, како што рече, тоа генерално е присутно во регионот, но напомена дека најважно за граѓаните за претстојните избори е добро да се едуцираат за процесот и за кандидатите, кои ќе учествуваат во него.
Агелер ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање дали има информации за евентуално руско влијание на престојните избори, на настанот на кој заедно со министерот за образование и наука Јетон Шаќири потпишаа меморандумот за спроведување на Фулбрајт програмата за академска размена.
– Не сум свесна за некое експлицитно и специфично влијание, како што кажавте.
Јас сум уверена дека тоа е туку, бидејќи генерално го има во регионот, но мислам дека она што е најважно како што се движиме во кон овој изборен период е граѓаните на оваа земја да поставуваат прашања за кандидатите и да ги земат предвид нивните приоритети, кога ќе гласаат.
Тоа за мене е најважно и секако да се едуцираат себе си за процесот и за кандидатите, без разлика кој би можел да се меша, тоа е најважната алатка која ја имаат, истакна Агелер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…