Чешката влада потпиша договор со САД за купување на 24 борбени авиони Ф-35
Чешката влада постигна договор со САД за набавка на 24 американски борбени авиони Ф-35 како дел од договорот вреден околу 150 милијарди чешки круни (6,6 милијарди долари). Тоа е најголемата нарачка за набавка на воена опрема во историјата на чешката армија.
Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова и американскиот амбасадор Бијан Сабет потпишаа меморандум за соработка во врска со договорот. Чешката Република, исто така, потпиша писмо со кое ја прифаќа понудата на Вашингтон, што е последен чекор пред финализирање на договорот меѓу владите, соопшти чешкото Министерство за одбрана.
Чешката влада го одобри договорот во септември.
Првиот од 24-те авиони се очекува да биде испорачан во 2031 година, а останатите во 2035 година.
Чесите ќе им платат на САД речиси пет милијарди долари за авиони, обука на пилоти, муниција и други трошоци, прецизираше претходно Чернохова. Остатокот од парите од договорот ќе одат за реновирање на воздухопловната база Часлав во Централна Чешка, гориво и обука на персоналот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Столтенберг за нападот врз Фицо: Напад врз…
Генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг…
НАТО функционер: „Северна“ Македонија во НАТО влезе…
Северна Македонија во НАТО влезе под уставното…
Сијарто: Унгарија нема да учестува во „лудата…
Унгарија нема да учествува во долгорочниот план…
Припадници на АРМ ќе учествуваат во операција…
На предлог на Министерството за одбрана, Владата…
Ковачевски: Нема откажување, СДСМ заедно со граѓаните,…
На вечерашниот митинг одржан во Струмица, претседателот…