(Видео) Спорниот синдикат во МО најавува протест, но не знае за што

t

Независниот синдикат на професионални војници, како што тие самите се нарекуваат, најавува протест, но не знаат за што. Статусот на синдикатот според МО е спорен, поради што Министерството за одбрана не ја уплаќа сумата за чланарина од војниците на сметката на синдикатот додека целата ситуација не биде разрешена.

Претседателот на синдикатот Александар Наскоски денеска на прес-конференција обвини дека одредени лица со фалсификувани документи прават проблеми во синдикатот, за што е поднесена соодветна кривична пријава до ЈОРМ.

Главно барање на Независниот синдикат на професионални војници е измена на Законот за служба со цел професионалните војници да имаат можност за пензионирање како во некои НАТО земји каде професионалните војници се пензионираат и на 40 години, истакна на денешната прес-конференција претставникот на синдикатот, Александар Наскоски.

Тој објасни дека синдикатот добил покана од министерката за средба во вторник и медиумите ќе бидат благовремено известени за се што ќе се разговара, бидејќи Министерството поради неразјаснета состојба во Синдикатот ги стопира средствата кои се уплаќаат на сметката на синдикатот.

– Блокирана е сметката за месец декемви, се работи за сума над 120-130 илјади денари месечно, што не е голема сума меѓутоа Синдикатот така може да функционира. Средствата не се уплатени во Синдикатот, се држат во секторот за финансии во МО. Значи на војниците им се одбива сумата, меѓутоа таа не е уплатена во синдикатот, како што изјави министерката поради неразјаснети околности внатре во синдикатот, вели Наскоски.

На прашање на Инфомакс дали платите на војниците се зголемени Наскоски потврди дека тоа е така, меѓутоа според него има друг проблем, а тоа е статусот на професионалните војници.

– Платата е зголемена, се зголеми со начинот на исплата на прекувремените и ноќните часови од 2022 година, почнаа редовно да се исплаќаат прекувремените часови. Се зголеми и минималната плата и со општиот колективен договор. Платата се зголеми но статусот на војниците не е решен, вели Наскоски.

Од синдикатот додаваат дека го поддржуваат предложениот Закон за вработени во одбраната бидејќи според нив го подобрува статусот на вработените во одбраната.

Во 2022 година месечните приходи на војниците значително се зголемија, особено со законското решение на исплата на месечна станарина за сите и изнесуваат над 36.000 денари!

Од 2023 година, професионален војник добива уште поголем месечен приход, вкупно 45.979 денари, односно плата од 35.015 денари, плус скоро 11.000 денари за станарина.

Тоа е зголемување од околу 110% во споредба со 2016 година.

Платите на НАТО единицата во 2023 се скоро 54.000 денари за професионален војник, и повеќе за повисоките чинови.

Во врска со неразјаснетата ситуација во синдикатот го прашавме Наскоски дали претходно бил разрешен од функцијата претседател на Синдикатот бидејќи се задолжил во име на истиот, по што следувала кавга со претходниот претседател.

– Задолжување имаше синдикатот на Драги Јовановски, не ние, тој беше блокиран од страна на некоја синдикална организација поради некоја тужба. Нашето барање до Јовановски беше да се разреши тоа за да можеме да функционираме. На Собрание се одлучи да исстапиме од тој Синдикат, по сите процедури, известени се и МТСП и Министерството за одбрана, но седум лица ја искористија ситуацијата и соодветна документација е поднесена до ЈОРМ. Но, синдикат не може да се сопре по административен пат, вели Наскоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Каде сте „патриотчиња“ –…

Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, ексминистерката…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…