(Фото) Невиден срам за ДПМНЕ: Протече интерна комуникација, раководителите по општините мораат да донесат по 10 потписи за Гога Сорос – паника и страв од неуспех на Мицкоски
До редакцијата на Инфомакс пристигнаа ексклузивни информации од различни Вибер групи на партијата ВМРО-ДПМНЕ на кои се гледа како се врши притисок врз членовите да дадат поддршка за избраникот на Мицкоски за претседателски кандидат.
Начинот на комуникација ја покажува паниката во ДПМНЕ по однос на престојните претседателски избори откако пет кандидати за помалку од недела дена успеаа да ги соберат потребните потписи за да се кандидираат на престојните избори.
Во комуникацијата се обраќа извесен Гоце Марков од Кочани секретар на претседателот на ОК Кочани, Мирче Стојков. Како што може да се забележи во комуникацијата членовите немаат право на избор туку во одреден час на одреден ден мора да се појаваат во просториите на ДИК и тоа по редослед однапред определен од Централниот штаб по ред: Најпрво сите членови на Општински изборен штаб, потоа сите раководители во јавни институции кои со себе мора да донесат плус 10 лица и сето тоа да биде забележано во партиски список, потоа Унија на жени и Унија на ветерани, на крај Патриотски институт и УМС.

Но тоа не е се… За големиот „либерал“ и „демократ“ Гордана Сиљановска Давкова се применува познатиот метод 1+3 и партиски списоци со кој членовите на партијата покрај нивниот потпис мора да донесат уште 3-ца други да се потпишат за професорката.

Сето ова укажува дека се прави огромен притисок за да се соберат час поскоро потписите за Гордана Сиљановска Давкова и не само тоа туку истото покажува дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ доброволно никогаш не би дале поддршка за кандидатот на Мицкоски кој своевремено беше дел од првата Влада на Бранко Црвенковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се деконтаминира „Вардариште“ за осум месеци ќе…
Процесот на „одгасување“ на поранешната депонија „Вардариште“…
Гаши од Рокас го прими Извештајот на…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши попладнево од…
Парите никогаш не биле во трезорот: Околу…
Најголемиот дел од околу 390 милиони евра…
(Видео) Поради хороскопот и „ретрограден Меркур“, министерката…
Невообичаената видеообјава на министерката за образование и…
По затварањето на Алта банка во Србија…
Менувачниците во Србија продале речиси 745 милиони…