(Видео) ВМРО-ДПМНЕ е безидејна партија, овојпат краде авторски видео материјали за пропагандни спотови
ВМРО-ДПМНЕ е позната по немањето став за клучните прашања, по немањето план за иднината, но позната е и по тоа што е безидејна партија.
Еден од низата докази за тоа е едно од нивните последни пропагадни видеа, каде тенденциозно и бесрамно се украдени кадри од видео објавено од претседателот Стево Пендаровски.
Во пропагандното видео на ВМРО-ДПМНЕ објавено на официјалната страница на Христијан Мицкоски неовластено се користат видео кадри од промотивно видео на Пендаровски од посетата на неговиот кабинет од страна на ученици од средното училиште „Никола Карев” која се случи во април 2022 година.
Цели сцени каде се појавуваат припадници на Батаљонот за почести во Армијата неовластено се преземени од видеото објавено кај претседателот Пендаровски и искористени во пропагандно видео на ВМРО-ДПМНЕ.
Драго ни е што на ВМРО-ДПМНЕ им се допаднало видеото на претседателот Пендаровски, но тоа што неовластено преземале кадри, покажува дека оваа партија не е кадарна ниту да направи автентично видео, а не пак нешто повеќе, реагираат од изборниот штаб на Пендаровски.
Во прилог линкови од двете видеа:
https://fb.watch/qCWc8UHQyI/
https://fb.watch/qCWcKXZnAa/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…