Објавено на:

Шпански „Ас“ тврди: Македонецот Димитриевски веќе има потпишано за Валенсија!

t

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, кариерата ќе ја продолжи во тимот на Валенсија, тврди денеска реномираниот шпански весник „Ас“, кој открива дека тој веќе има потпишано договор со „лилјаците“.

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, кариерата ќе ја продолжи во тимот на Валенсија, тврди денеска реномираниот шпански весник „Ас“, кој открива дека тој веќе има потпишано договор со „лилјаците“.

Одличниот чувар на мрежата се уште нема одговорено на понудата за нов договор на сегашниот тим Рајо Валјекано, што се сфаќа како „нежен“ начин на нејзино не прифаќање и желба кариерата да се продолжи на друго место. Сегашната соработка на Димитриевски со овој клуб завршува на 30 јуни по што тој ќе стане слободен фудбалер и ќе може да потпише за Валенсија без никаква отштета, што дефинитивно може да му донесе поголема годишна плата.

Валенсија во македонскиот голман гледа добро и евтино решение за голманската позиција, како замена за Грузиецот Гиорги Мамардашвили, кого планираат да го продадат претстојново лето за сума не помала од 30 милиони евра, пари со кои би го покриле минусот во клупската каса. Нашиот Столе досега годишно заработуваше речиси 800.000 евра по сезона, а се очекува од следната сезона првпат да инкасира повеќе од милион евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…