Објавено на:

Владимир Путин ќе патува во Кина во мај

t

Владимир Путин ќе патува во Кина во мај, каде што ќе разговара со Шји Џинпинг, што ќе му биде прво патување во странство откако викендов доби нов шестгодишен претседателски мандат. Формалната инаугурација треба да се одржи околу 7 мај.

Западните влади вчера го оценија реизборот на Путин како недемократски и нефер, но Кина и Индија се меѓу земјите кои му честитаа на рускиот лидер.

„Путин ќе ја посети Кина“, изјави за „Ројтерс“ еден извор од руската влада кој побара да остане анонимен, што потоа било потврдено од четири други извори.

Тие велат дека патувањето на Путин веројатно ќе се случи во втората половина на мај, пред планираната посета на Шји на Европа.

„Во моментов се подготвуваат неколку претседателски посети и контакти на високо ниво. Ќе информираме за нив кога ќе дојде време“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Кина и Русија прогласија „партнерство без граници“ во февруари 2022 кога Путин го посети Пекинг неколку дена пред да испрати трупи во Украина, почнувајќи ја најголемата војна во Европа од Втората светска војна. Кина ги зајакна своите трговски и воени врски со Русија во изминатите години, а нивната трговска размена изнесувала 218,2 милиони долари во периодот јануари-ноември 2023.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами ќе одвои 40.000 евра од општинскиот…

Општина Тетово ќе одвои 40.000 евра за…

СДСМ: Скандалозна е одлуката на Антикорупциска за…

​Скандалозна е одлуката на ДКСК во однос…

Вулин: Се води хибридна војна против Србија…

 Во моментов се води хибридна војна против…

Медведев повторно се заканува: Директен конфликт меѓу…

Директен конфликт меѓу Русија и САД, доколку…

За Васко Ковачевски не е побаран притвор,…

МВР сѐ уште не ги известило Кривичниот…