Ковачевски: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

t

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните по повод денешниот ден, 5  мај, Ден на македонскиот јазик. 

Во честитката, Ковачевски посочува дека денеска оддаваме почит кон создавачите на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита. 

„Денеска кога го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, оддаваме должна почит кон сите создавачи на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита. 

Македонскиот јазик денес е дел од нашата лична карта во Обединетите нации. Со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, го издигнавме нашиот јазик на исто рамниште со останатите официјални јазици во Европската Унија, на кабините за превод во ЕУ стои нашиот македонски јазик. 

Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет, грижата за негово зачувување и унапредување останува наш приоритет, затоа што влог во јазикот е влог во иднината. Нека ни е честит 5 мај, Денот на македонскиот јазик”, вели во честитката, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…