Мицкоски: Ќе го репреговараме договорот со „Бехтел и Енка“
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека автопатот кон Охрид треба да биде завршен до крајот на 2026 година, а за договорот со „Бехтел и Енка“ има две опции – да се раскине или да се репреговара.
Одговарајќи на новинарски прашања пред затворењето на Самитот Македонија 2025, Мицкоски најави дека во првите сто дена новата влада ќе објави гринфилд инвестиција во енергетиката, вредна 400 – 500 милиони евра. Како што кажа Мицкоски, се работи за приватен капитал, за голем играч со исклучително големи европски финансиски институции во акционерската структура. Обртот на компанијата би била околу 80 – 100 милиони евра по основа на продадена електрична енергија и истргувани зелени сертификати, а договорот со неа е завршен.
Според Мицкоски, ќе се произведува околу еден терават час електрична енергија што е една третина од производството на РЕК Битола.
За договорот со „Бехтел и Енка“ има две опции. Едната е да се раскине договорот и да се оди на арбитража, да платиме стотици милиони евра и да немаме автопат, а втората е да се оптимизира договорот за што веќе имаме почетни разговори, со што би се забрзал и реализирал проектот. Ние сме повеќе за прагматичниот пристап, граѓаните да добијат автопат, но оптимиран, но ваков каков што е, потпишан од оваа влада, за жал, е во одерена мерка неприменлив поради големите правни проблеми, проблеми со експропријација и технички проблеми. Мојата порака е дека како идна влада сакаме да градиме, а не да рушиме, истакна Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…
Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…
ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…
Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…