Апасиев не добил повик од Мицкоски, очекува „спектакуларни апсења“ во следниот период
Јас не кревам на непознати броеви. На Мицкоски му го имам бројот, но ми нема ѕвонето, изјави лидерот на Левица, Димитар Апасиев, одговарајќи на прашањето дали добиле понуда за да бидат дел од формирањето на новата влада.
Тој во емисијата на „Слободен печат“ истакна дека како и досега ќе бидат на „магарешка клупа“.
-Таман шест души собира на последната клупа, но за разлика од СДСМ нема да бидеме конструктивна опозиција, бидејќи планираме да го вратиме историскиот судир на левица и десницата. Првото полувреме заврши успешно, а тоа е пасокизацијата на СДСМ. Ние ќе бевме среќни доколку паднеа и под 30, но ова е класичен дебакл. Ако ги одземете тројцата пратеници – двајца од ЛДП и еден од НСДП, тие се 15 на број. Останува марксисти и ленинисти заедно со ДУИ во опозоција. Али Ахмети за првпат направи сериозна грешка – дури 9 од своите пратеници им ги отстапи на коалициските партии. Дел од тие ќе бидат купени и оние кои ќе останат веќе не градат парламентарна кариера. Ќе си спијат и ќе доаѓаат само за гласање. Младите луѓе му ги нема и нема кој да ја води парламентарната група и ќе се изгубат. Стратешки погреши и сфаќа дека е пуштен низ вода. Добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, оценува Апасиев.
Според него, коалицијата ВЛЕН се „поопасни од ДУИ и отворено се со карти на Голема Албанија“.
-Овие што доаѓаат се полоши затоа што не ја чувствуваат државата како своја. И претходните (ДУИ) не ја чувствуваа, но мораа да играат по западни ноти, да не бидат радакални бидејќи им висат хашки случаи. Тука ќе биде судирот на партизаните и балистите, посочува пратеникот на Левица за состојбата во Собранието.
Претседателот на Левица очекува дека ВМРО-ДПМНЕ „ќе нагази“ со тотална контрола на власта и очекува да има спектакуларни апсења во првите денови за, како што вели, „да се чукне по маса“.
-Потоа ќе си легнат старите вмровски шеми – тендери, вработувања. И така во државата ќе останат само пензионерите, политичарите и новинарите, оценува тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…
Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…
ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…
Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…