Објавено на:

Унгарско МВР: Околу 13.500 бегалци вчера пристигнаа во Унгарија од Украина

t

Околу 13.500 бегалци вчера пристигнаа во Унгарија од Украина, соопшти унгарската полиција.

На украинско-унгарската граница вчера биле регистрирани 6.453 Украинци кои влегле во Унгарија, додека 7.088 лица на романско-унгарската граница изјавиле дека пристигнуваат од Украина, што е најголем број дневни влезови на двата гранични премини во претходните седум дена.

Од бегалците само 36 лица побарале привремена дозвола за престој во Унгарија, која важи 30 дена.

После тоа, бегалците од Украина мора да ги посетат канцелариите на Националната дирекција за странци доколку сакаат да обезбедат дозвола за подолг престој во Унгарија.

Најголем дел од бегалците од Украина кои пристигнуваат во Унгарија го продолжуваат патувањето во другите западноевропски земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Сијарто му ја плесна вистината во очи…

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска…