Двајца македонски атлетичари на Европското првенство

t

Дарио Ивановски и Андреас Трајковски ќе бидат македонските претставници на Европското атлетско првенство на отворено кое од 7 до 12 јуни ќе се одржи во Рим, соопшти Атлетската федерација на Македонија (АФМ).

Ивановски ќе настапи во дисциплината полумаратон, со претходно остварена норма на маратонот во Севиља со време од 2:08:26, додека Трајковски ќе настапи во неговата дисциплина скок во далечина, со обезбедена норма преку ранкинг системот.

Прв на програмата ќе настапи Трајковски кои ќе се појави во квалификациите закажани за 7 јуни со почеток во 12:55 часот.

Полумаратонската трка на која ќе настапи Ивановски е на програмата на 9 јуни со почеток во 9 часот.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…