Гир: Уставните измени се клучни, не гледам можност за промени во Преговарачката рамка
Уставните измени се прашање кое новата влада ќе мора да го реши вели евроамбасадорот Дејвид Гир. Додаде дека по речиси двегодишни макотрпни преговори со Бугарија се постигнал договор со кој се одблокирал евроинтегративниот процес на земјава, но и со кој земјава преземала одредени обврски.
„Дел од тој договор беше дека ќе има промени на Уставот, за вклучување на луѓето кои се идентификуваат како Бугари под заштитата на самиот Устав. Тоа не е променето, се уште е таква ситуацијата. Значи, тоа ќе биде прашање кое новата Влада ќе мора да го реши, директно“, рече Гир.
Новата влада, според Гир можеби ќе ја искористи опцијата да разговара со Бугарија.
„Но, отсекогаш велев дека имаме договор којшто беше постигнат со големи тешкотии, тешко ми е да замислам дека би било можно да се пронајде подобар договор, и не гледам можност за промени во Преговарачката рамка“, истакна Гир.
Евроамбасадорот порача дека владата мора да се вклучи и да размисли како понатаму ќе постапува по ова прашање, фокусирајќи се на клучната цел, а тоа е оваа земја одлучно да напредува кон ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…