„За ваков Конрад Аденауер речник куткаме на семинарски“ му порача Апасиев на Мицкоски
Ни вративте дежа ву, постполноќни сеанси во времето на Таљат Џафери, кога го шверцаше Законот за Макпетрол, тогаш ни го исклучија партното, сега климата ваљда, вели лидерот на Левица и пратеник во Собранието на Република Македонија, Димитар Апасиев, на седницата за измена на Законот за организација и работа на органите на државната управа.
Тој истакна дека законот има низа на пропусти и дека во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција велеше дека ќе се врати пракса да се поднесуваат закони со РС Македонија, а „еве денес ни врати амандман без северна, значи ништо не направивте“.
Нема vacatio legis, односно влегување на сила осум дека по објавувањето, имате 20 дена за влада, нема потреба да влезе во сила веднаш. Користите Конрад Аденауер речник, „државен апаратус“, ние за ваков речник куткаме на семинарски. Четири министерства ви се вишок, нагласи Апасиев.
– Се надевам дека нема да имате 30 министерства, колку за споредба Франција има 14 министерства, рече Апасиев, кој наброи низа европски земји кои имаат по 12, 13 или 14 министерства и истакна дека идеална бројка за Македонија е 14 мимистерства.
Апасиев се осврна и на „дескопјанизирање“ на министерствата, да има седишта на министерствата и во други поголеми градови во Македонија и додаде дека се бришат корисни институции, додека остануваат и се додаваат непотребни институции.
Веднаш по неговиот говор Собранието ги усвои измените на законот, повеќе можете да прочитате на линкот во продолжение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…
Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…
ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…
Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…