Во Атина над 40 степени Целзиусови
Во 15 часот по локално време, термометарот во центарот на Атина, покажуваше 41 степен Целзиусов, температура екстремно висока за овој период од годината и највисока во првата половина на јуни во последните најмалку 50 години според грчките метеоролози, јави дописничката на МИА од Атина.
Исклучок се туристите, кои се најприсутни на плоштадот Синтагма и пред грчкиот парламент.
И покрај високата температура и сонцето, опремени со чадори, капи и шешири ја следеа промената на претседателската гарда пред споменикот на Незнајниот војник.
Припадниците на претседателската гарда, т.н. Евзони, кои без разлика дали температурата е под нулата или над 40 степени Целзиусови, се на нивните места, но овој пат во внатрешноста на нивните куќарки.
Нивен колега, војник се грижи да не дехидрираат и постојано им дава вода.
Туристите од друга страна, иако подготвени за топлотниот бран и „опремени“ со сè она што е потребно за заштита, ја користат дури и фонтаната на плоштадот Синтагма, за да се разладат.
Во централната метростаница, токму на плоштадот Синтагма, од вчера, поради топлотниот бран отворена е специјална климатизирана просторија, за одмор и освежување на граѓаните и туристите.
Поради високите температури, археолошките локалитети во Атина, меѓу кои и Акропол, исто како и вчера, така и денеска во периодот од 12 до 17 часот се затворени, како што соопштија од Министерството за култура на Грција и им препорачаа на посетителите да ги преземат неопходните мерки на заштита за да избегнат здравствени проблеми како топлотна исцрпеност и топлотен удар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бебе пронајдено во кеса за ѓубре во…
Шестмесечно бебе попладнево било пронајдено во црна…
ХАОС во Грција, улици полни демонстранти за…
Синдикатите што ги застапуваат работниците во секој…
ХАОС во Атина: Ја нападнале полицијата со…
Во предградието на Атина, Егзархија, околу полноќ…
Авион на грчкото воено воздухопловство вечерва од…
Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство…
Нов голем протест во Атина по несреќата…
На плоштадот Синтагма во Атина синоќа се…