Радев: Македонските власти немаат познавање на европското законодавство

t

Бугарскиот претседател Румен Радев и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на последната работна средба во Атина ја критикуваа новата влада во Скопје. Радев рече дека новите лидери имаат недостиг на знаење.

„Македонскиот државен врв очигледно не е подготвен. Познавањето на меѓународното право е неопходно, што очигледно недостасува. Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој треба да биде почитуван од сите идни влади и да не се ревидира. Јасно е дека немаат никакво познавање на европското законодавство бидејќи кога има заклучоци на Советот на ЕУ, одобрени со консензус, тие не се предмет на преговори туку треба да се исполнат“, вели Радев.

Тој додаде дека Северна Македонија има многу да научи и дека е подготвен да помогне бидејќи, како што рече, тие секогаш и помагале на земјата на нејзиниот европски пат.

Одговорот на Радев е продолжување на острите позиции што ги разменуваше со Мицкоски преку медиумите во последните денови од промената на власта во државата. Премиерот Христијан Мицкоски пред два дена изјави дека за Договорот со Бугарија може повторно да се преговара, како што бил дополнет со францускиот предлог.

Можноста за повторно преговарање за меѓународните договори на земјата и промена на преговарачката рамка со ЕУ ја отфрлија и меѓународните претсавници, меѓу кои и американската амбасадорка во Скопје, Ангела Агелер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…

Дете од Дебар е тешко повредено во…

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…

Се гради најголемата пловна населба во Европа!

Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…

„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…