МОН бара мислење од родителите, наставниците и учениците дали да се укине пролетниот распуст
МОН ќе ги консултира јавноста и наставниците за организирање пролетен распуст во учебната 2024 – 2025 година.
Министерството за образование и наука информира дека во тек е изработка на календарите за организација на работата на основните и на средните училишта во учебната 2024 – 2025 година и за успешно заокружување на процесот од голема важност, како што велат, е мислењето на пошироката јавност за тоа дали е потребно организирање пролетен распуст.
„Со оглед на разните ставови во јавноста во однос на пролетниот распуст во основното и средното образование минатата учебна година, а со цел на транспарентен начин да се одлучи дали да се организира и во учебната 2024/2025, министерството испрати прашалник до училиштата, а тој е достапен и за целата јавност на следниот линк, со цел сите засегнати – наставници, ученици, родители/старатели да го дадат своето лично мислење“, се посочува во информацијата.
Информираат дека со организација на пролетен распуст наставната година во учебната 2024/2025 година би завршила на 13 јуни 2025 година. Доколку, пак, се одлучи да нема пролетен распуст, наставната година ќе заврши на 10 јуни 2025 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…
Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…
Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…
Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…
Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…
Кривичен ја одби жалбата за притвор на…
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…
Владата со препорака Службен весник да ја…
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…