Донирајте за Анѓела: Потребни се 27.000 евра за операција!
Почитувани читатели на Инфомакс, Анѓела има потреба од наша помош, ве замолуваме оние кои сте во можност да донирате.
– Јас сум Анѓела имам 28 години, самохрана мајка на две малолетни деца, подолг временски период имам проблем со сколиоза.
Неколку години ставена сум на листа на чекање за операција кај нас но се уште не сум повикана. Како одминува времето јас имам се повеќе потешкотии бидејќи сколиозата е во напредна фаза поточно 83 посто искривување, а со тоа и болките се зголемуваат.
Затоа побарав мислење надвор од нашата држава и добив одговор дека морам под итно да заминам на операција каде што имам голема надеж за мојата состојба да се подобри и да продолжам без потешкотии да се грижам за моите деца. Професорот од болница во Истанбул има голема прогноза за подобрување на мојата состојба.
Сумата од 27 000 евра јас ја немам, ниту пак можам сама без сите вас да ја обезбедам и затоа ве замолувам познати и непознати да се обединиме и да ми помогнете со тоа што ќе донирате и споделите.
Вашата донација за мене значи живот! Ве молам ДОНИРАЈТЕ И СПОДЕЛЕТЕ!![]()
Направете донациja со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:
https://pavelandreev.bg/…/da-donirame-za-angjela-za…
Важно: Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно.
Можете да донирате и на телефонските броеви:
Телеком – 143140
А1 – 143999
или на сметката во Стопанска банка АД Скопје – 200002845255014.
Однапред ви благодариме на хуманоста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…