Јаневска – Агелер: Продолжува одличната соработка на Македонија и САД
Интересот е взаемен и двете земји и понатаму ќе создаваат добри образовни и научно-истражувачки можности за своите граѓани преку постојните спогодби и протоколи за соработка, а ќе се размислува и за нови иницијативи кои ќе овозможуваат размена на позитивни образовни и научни искуства…
Одличната соработка на Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на образованието и науката ќе продолжи и во иднина. Интересот е взаемен и двете земји и понатаму ќе создаваат добри образовни и научно-истражувачки можности за своите граѓани преку постојните спогодби и протоколи за соработка, а ќе се размислува и за нови иницијативи кои ќе овозможуваат размена на позитивни образовни и научни искуства.
Ова беше потврдено на денешната средба на министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и амбасадорката на САД во Скопје, Н.Е. Анџела Агелер на која двете страни ја потенцираа важноста, но и задоволството од развојот на стратешкото партнерство, кое носи придобивки и за македонскиот и за американскиот народ.
Министерката Јаневска ја запозна амбасадорката со состојбите кои ги затекнала во министерството и воопшто во образованието во државата, а презентираше и дел од активностите во рамки на планот на новата Влада за подигнување на квалитетот на националниот образовен систем, потенцирајќи дека промените ќе се случуваат одеднаш во сите образовни сегменти и нивоа.
Информираше дека се подготвува и Декларација за националното образование која ќе биде предложена на сите политички субјекти со цел постигнување на консензус за долгорочни политики, а заложбата беше поздравена од страна на амбасадорката.
Јаневска рече дека од исклучителна важност за Македонија се програмите за образовна размена со САД, потенцирајќи ја особено Фулбрајт програмата за студиски и истражувачки посети во партнерската земја, како и YES програмата наменета за средношколци кои имаат можност да поминат една година на некој од американските колеџи.
Амбасадорката Агелер исто така изрази задоволство од билатералните односи и нагласи дека САД и во иднина ќе ги поддржуваат напорите на Владата за подобро образование на младите во државата.
На средбата беше нагласена и добрата соработка на институциите во Македонија со Канцеларијата на УСАИД, особено преку заедничките проекти за меѓуетничка интеграција во образованието и за медиумска писменост, како и соработката со Мировниот корпус чии волонтери помагаат за поквалитетна настава на англиски јазик во македонските училишта.
Првата спогодба за соработка во областа на науката и технологијата меѓу Македонија и САД е потпишана во 1995 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…
Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…
Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…
Во мај пријавени се три случаи потврдени…
Во текот на мај, во државава пријавени…
Почина новинарот Владимир Лапе
По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…
Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…