Македонските граѓани најмногу се задолжуваат за купување автомобили и станови

t

Во јуни е забележен е годишен раст од 7,2% на вкупните депозити и раст од 6,4% на вкупната кредитна поддршка, покажуваат податоците на Народна банка.

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 7,2%, како резултат на зголемените депозити на двата сектора, со значително поголем придонес на секторот домаќинства.

– Во јуни, вкупните депозити забележаа месечно зголемување од 0,4%, што во целост се должи на повисоките депозити на корпоративниот сектор – велат од НБ.

На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 6,4%, што произлегува од растот на кредитите на двата сектора, со поизразен придонес на кредитите на секторот домаќинства.

Кај кредитите на домаќинствата, во јуни e забележано месечно и годишно зголемување од 1,0% и 7,1%, коешто во поголем дел се должи на зголеменото кредитирање во денари, при раст и на кредитите во странска валута.

Од податоците се гледа дека граѓаните најмногу се задолжуваат за купување автомобили и станови. Во јуни автомобилските кредити се зголемија за 7,5% на месечно ниво, додека годишниот раст изнесува 25,3%, додека потрошувачките и станбените кредити бележат месечен раст од 0,8% и 0,9%, при годишен раст од 5,8% и 10,2%.

Кредитите одобрени на кредитни картички се пониски на месечна и на годишна основа за 0,3% и 8,0%,

Овој месец, негативните салда на тековните сметки бележат месечен и годишен раст од 5,7% и 7,9%, соодветно, додека кредитите одобрени по други основи, во јуни, се пониски за 2,0% на месечно ниво и 18,8%, на годишно ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…

Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…

Во мај пријавени се три случаи потврдени…

Во текот на мај, во државава пријавени…

Почина новинарот Владимир Лапе

По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…

Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…

Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…

Пијан скопјанец со тупаници ја удирал и…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…