Гаши најостро ги осудува заканите кон пратениците од ДУИ

t


Претседателот на Собранието, Африм Гаши, извести дека пратениците на ДУИ добиле електронски пораки со закани од непознат испраќач. Вознемирен од овие пораки, претседателот Гаши веќе се обратил до колегите од ДУИ и до надлежните институции да го истражат инцидентот.

Претседателот на Собранието најостро осудува секаков облик на закани, обиди за насилство или поттикнување насилство. Пратениците се директно избирани од граѓаните и додека слободата на говор е неприкосновена, таа не смее да ја загрозува слободата на другите. Анонимноста во испраќањето такви пораки или на социјалните мрежи може да му даде на испраќачот чувство на неказнивост, но мора да признаеме дека нашите институции се активни и способни. Претседателот Гаши е уверен дека испраќачот ќе биде идентификуван и соодветно санкциониран.

Во демократско општество нема место за закани ниту за вознемирување во било која форма. Оттука, претседателот Гаши ги повикува и охрабрува сите надлежни институции веднаш да постапат во овој случај. Претседателот Гаши нагласува дека сочувствува и ја споделува вознемиреноста на пратениците и нивните семејства. Во моментот кога институциите ќе достават било каква информација за предметниот случај, медиумите ќе бидат веднаш известени од страна на Кабинетот на претседателот.

Инфомакс вчера ексклузивно ја објави содржината на заканувачките пораки кон пратениците.

Детали можете да прочитате во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…

ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…

Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…

ДУИ предупредува: Се руши демократскиот поредок на…

По сериозните закани и насилни пораки упатени…

Гаши најостро ги осудува заканите кон пратениците…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, извести дека…