(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци во Вашингтон: Ексклузивни документи за трошењето на Гаши, си ја прошетал и сопругата и частел бакшиш

t

Шетајте луѓе, народ плаќа.

Над 17.500 евра нѐ чини прошетката на претседателот на Собранието и неговиот кабинет во Вашингтон, на средба не со официјални претставници на НАТО, туку на средба во невладина организација.

Во продолжение објавуваме ексклузивни информации и документи како и што трошел претседателот на Собранието Африм Гаши и членовите на собраниската делегација која броела шест лица вкупно, вклучувајќи го и Гаши.

Како што кажавме, делегацијата броела вкупно шест лица, користени се авионски билети од компаниите „Turkish Airlines“ и „Austrian Airlines“, сите билети се економска класа. Делегацијата била предводена од Африм Гаши и Миле Талевски како заменик шеф на Делегацијата. Сите биле сместени во хотелот Residence Inn Washington Downtown Convention Senter Square 369/Hotel.

За службеното патување од девизна благајна по поднесени патни налози на членовите на делегацијата извршена им е исплата на дневници во вкупен избос од 1455 долари, а по поднесени сметки исплатени се 617 долари патни трошоци и 368 долари за споредни трошоци.

Во ресторан биле потрошени 550.75 долари, сметката е потпишана од членот на делегацијата, Ана Качакова. (сметка од лево во продолжение)

Делегацијата правела пауза и во Kafe Leopold, каде вкупно потрошиле 38.58. Еспресо се пиело за 4.25 долари, вода за 7 долари, овошен тарт исто така за седум долари, газирана вода за 5 долари, мока и ананас за по 4.75 долари. Интересно е што, иако е мала сума, делегацијата оставила и бакшиш од 2 долари. (сметката од десно)

Собата број 1008 чинела 1593 долари, заедно со сите дополнителни такси кои се плаќаат.

Собата број 1002 чинела 1201.24 долари, исто така заедно со сите платени даноци и дополнителни давачки.

За собата број 1039 се платени исто така 1201 долар.

Две соби чинат по 900 долари, односно вкупно 1800 долари.

176.240 денари чинеле све повратни авионски карти од Turkish Airlines за Миле Талевски и Качакова Ана.

Картата на Адем Јашари, шефот на протокол на Гаши, со Austrian Airlines чини 128.890 денари.

Билетите на Африм Гаши, Јелиз Гаши и Кралевски Владо чинеле 281.094 денари. Инаку, Јелиз Гаши му е сопруга на Африм Гаши. Накратко и претседателот на Собранието си ја прошетал сопругата во Вашингтон.

Вкупно, патувањето чинело нешто над 17.500 евра, односно еден милион 67 илјади и 500 денари за, најпластично кажано, екскурзија. Парламентарното собрание на НАТО, не е официјален орган во состав на НАТО, туку невладина организација.

Инаку, првично, Гаши воопшто не требаше да патува во Вашингтон, односно официјалната делегација требаше да се состои од премиерот Мицкоски и министрите за внатрешни работи, надворешни работи и одбрана, но по реакцијата на ДУИ дека во делегацијата нема ниту еден Албанец, „се измисли“ и агенда за претседателот на Собранието.

А за оваа агенда, правична застапеност во странство и прошетки на сопруги, ние народе плативме повеќе од милион и пол денари.

Претходно беше објавено дека премиерот Мицкоски само за авионски билети потрошил 20.000 евра, бидејќи ако што кажа самиот, морал да патува со бизнис класа бидејќи го болат колената. Податоците за трошењето на останатите делегации меѓу кои и МВР, МНР, Влада и Министерството за одбрана се уште не се познати. Мицкоски и понатаму не ги објавил сметките од патувањето на неговиот син, за кој кажа дека има право на придружен член на делегација, а кој заедно со него патувал во Вашингтон.

Исто така, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски не демантираше дека и тој си ја прошетал сопругата во Брисел.

Шетајте луѓе, „ич да не ви чуе“, народ плаќа…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…

Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…

(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…

Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…

(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …

„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…

Хактан: Владата создава паралелни структури на извршната…

Повторно се создава паралелна власт во институциите,…

Американските бомбардери Б-52 пристигнаа во Романија на…

Американските стратешки бомбардери Б-52, кои во неделата…