Поранешниот припадник на ОВК уапсен во Македонија ќе биде екстрадиран во Србија кога ќе бидат исполнети услловите, вели Филков

t

Поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Блерим Рамaдани, е пред неколју дена беше уапсен во Македонија, врз основна на потерница издадена од соседна Србија.

Инаку Блерим Рамадани е поранешен припадник на оперативната зона Неродиме на Ослободителната војска на Косово, а од страна на Организацијата на воени ветерани на Косово упатен е повик до институциите на Македонија веднаш да го ослободат.

– Нашиот амбасадор во Северна Македонија, Фљориан Ќехаја, интензивно се залага за решавање на овој случај и како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на г. Рамадани. МНР ќе ја информира јавноста за натамошниот развој на настаните во врска со овој случај – се наведува во соопштението.

Амбасадорот на Косово во Македонија, Флоријан Ќехаја изјавил дека земјава нема да го екстрадира во Србија, Бљерим Рамадани, кој беше уапсен врз основа на потерница за воени злосторства извршени за време на војната во 1999 година, јави „Газета Експрес“.

Сепак министерот за правда Игор Филков тврди дека е почната постапката за екстрадиција на Блерим Рамадани потенцирајќи дека е министерството за правда е надлежно да носи одлука кога судот ќе утврди дека се исполнети условите за екстрадиција.

– Министерството има добиено известување од МВР дека е уапсено лицето и му е одреден 30 дневен екстрадициски притвор. Министерство за правда е надлежно да носи одлука кога судот ќе утврди дека се исполнети условите за екстрадиција, вели Филков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов напад во Ормускиот Теснец – погоден…

Нов брод е погоден во Ормускиот Теснец,…

Град Скопје и скопските општини ги наградија…

По повод 5 Октомври – Светскиот ден…

Стојаноски бара Брисел да седне на маса…

Македонија и Бугарија најпрво треба директно да…

(Видео) Ескалираа протестите пред косовскиот парламент: Солзавец,…

Тензична е ситуацијата пред косовското Собрание во…

Заканата за бомба на летот за Белград…

Патниците на летот на „Ер Србија“ од…