(Видео) Анѓелов: Граѓаните не треба да учествуваат во гасењето на пожарите, ќе побараме помош од НАТО механизмот

t

„Да се молиме за Македонија“, „Ова е апокалипса“, „Ни се повтроува катастрофа“, со вакви статуси се преплавени социјалните мрежи изминатите денови, откако во државата гори речиси насекаде. Само вчера се регистрирани 66 пожари, меѓу кои и шумски, а од нив 12 се уште се активни. Директорот на ЦУК, Стојанче Анѓелов, апелира до граѓаните да не создаваат групи и апели за собирање на луѓе, оти има доволно професионалци кои се справуваат со огнените стихии.

„Состојбата е тешка, но не е алармантна. Апелирам до граѓаните да не излегуваат со непотребни апели за собирање на луѓе. Како држава имаме доволно припадници на Армијата, на полицијата и доколку некаде тоа го побарат локалните авторитети, тоа се градоначалниците, ние можеме да испратиме оноклу војска колку што тие ќе побараат. Граѓаните не секаде можат да бидат од корисит, напротив некаде може да пречат во работењето на професионалните служби.“ – вели Анѓелов.

Денеска се одржа и седница на управувачкиот комитет, а одлуката е да се ангажира и таканаречениот НАТО механизам за помош. Анѓелов посочи дека сега потреба од него нема, но таа може да се појави во текот на денот.

„Апелирам да не се создава непотребна паника. Денес имавме седница на управувачки комитет на која донесовме одлука да предложиме на Владата да се ангажира и таканаречениот НАТО механизам за помош, кој во суштина ги нуди истите работи како и механизмот на ЕУ, но можеме да бараме помош во пешадија однонсо во искусни пожарникари. Во овој момент таква потреба немаме, но може да се појави во текот на денот“ – додава Анѓелов.

Денеска пожарите се гасат од земја и од небо, а на помош простигнаа и двата хеликоптери од Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…

Во рамките на апелот на Црвениот крст…

Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…